Зошто Фасада?

Зошто треба да имаме фасадна термоизолација?

Најголем дел од загубата на топлина во зградите настанува како резултат од непостоење изолација на ѕидовите. Овие загуби најефикасно може да се минимизираат со поставување термоизолациони елементи, кои најчесто се изработени од EPS (стиропор). Во зимските месеци топлината се задржува внатре, додека во летните месеци не дозволуваат затоплување на внатрешноста, со што се постигнува до 50% помала потрошувачка на енергија.

НЕКОГАШ

По II Светска војна се губи културата за градење брзи и едноставни градби, фасадите стануваат рамни и без декоративни детали. Времињата бргу се менуваат и завладува разлика помеѓу функционалноста и цената, па луѓето почнуваат да ја намалуваат дебелината на ѕидовите и почнуваат да користат термички изолации.

ДЕНЕС

Со текот на развојот на технологијата, денешните стилски градби повеќе наликуваат на уметност. Без разлика на тоа дали куќите се стари или нови, декоративните фасадни елементи им даваат убавина, елеганција и една сосема нова димензија. Најголеми можности нудат фасадните елементи од експандиран полистирен (стиропор) со густина од 30kg/m3 и се сечат во стандардни димензии од 2,4m и помалку, а лицето на профилот добива нанос од акрилен премаз од 3-4mm, кој ја стврднува структурата и постигнува UV- стабилност, што претставува и добра подлога за завршните слоеви, кои се врзуваат во траен слој.

УТРЕ

На проектантите, инвесторите и на изведувачите им е познато дека сигурноста се гарантира само со вистински избор на материјали за градба.

Декоративни фасадни елементи со специјален акрилен премаз

Со помош на декоративните фасадни елементи со специјален акрилен премаз кај објектите се спречува губењето топлина во зима, додека во лето тие спречуваат затоплување на внатрешноста на објектот. Со поставувањето декоративни фасадни елементи со специјален акрилен премаз објектот се заштитува од надворешни и од внатрешни фактори што негативно влијаат на објектот. Фасадните елементи се аплицираат на надворешната страна од објектот, а во одредени ситуации и на внатрешната страна од објектот, а инвестицијата ќе биде исплатена во рок од 3 до 4 години гледано преку драстично намалениот трошок на енергија.

БЕНЕФИТИ

• Со направената термоизолациона фасада за 3 до 4 години инвестицијата ќе биде исплатена.
• Долготрајност (без намалување на ефикасноста на термоизолацијата со текот на времето).
• Со поставување термоизолациона фасада трошоците за греење во зима и ладење во лето ќе бидат многу пониски.
• Со поставување термоизолација се создава здрава животна средина со урамнотежена собна температура.
• Се спречува корозија на железото во ѕидовите, со што тие ја задржуваат својата цврстина во случај на земјотрес.
• Со термоизолационата фасада ѕидовите остануваат здрави и отпорни при лоши временски услови.
• Се намалува потрошувачката на енергија и на природни ресурси, со што се намалува емисијата на штетни гасови во атмосферата.
• Термоизлолационата фасада го штити објектот од термички стрес, со што трошоците за одржување и поправка се намалуваат.
• Термоизолационата фасада дозволува поминување на водната пареа од внатрешната страна кон надворешната, со што се елиминира можноста за појава на мувла.

Од реконструкција на детали кај санирањето на стари објекти, до изведба на нови модерни стилски фасади, големиот избор на декоративни фасадни елементи, нуди решенија за вкусовите на секој архитект, изведувач или приватен инвеститор. Стилски обликуваната форма, со изразени фини детали, се одлики кои одговараат на духот на модерното живеење.