Полиуретан

Полиуретанот е оптимално решение за одлична топлотна изолација на стамбените, деловните и производните објекти. Погоден е за користење при фасадна изолација, подови, покриви.

За Полиуретан

Во последно време енергетската ефикасност е се по присутна во секојдневниот живот. Потребата од топлотна изолација и намалувањето на годишната потрошувачка на енергија која се користи за загревање и ладење играат се поголема улога, а не може да се задоволат само со зголемување на дебелината на слојот на изолација.

Полиуретанот е оптимално решение за одлична топлотна изолација на стамбените, деловните и производните објекти. Погоден е за користење при фасадна изолација, подови, покриви.

Полиуретанот има подобри карактеристики во однос на повеќето познати изолациони материјали:

- Поголема вредност на топлотна изолација (коефициент на топлотна спроводливост λ=0,02 W/m•K), ефикасна е и на високи и на ниски температури.
- Поголема отпорност на притисок.
- Помага при контрола на влага и кондензација (ја штити плочата и конструкцијата на зградата од влага и кондензација).
- Полиуретанската пена е отпорна на повеќето киселини, бензин, уље.
- Со тек на времето не го менува својот облик и карактеристики.

Употреба на Полиуретан во Градежништвото

Денешните домови бараат материјали со високи перформанси, кои се цврсти, но сепак лесни, лесно да се инсталираат, да се издржливи и да можат да се користат за најразлични потреби. Квалитетот на материјалот како и перформансите се она кои го прават полиуретанот и производите од полиуретан да бидат одличен избор за изградба на куќи и згради.

Полиуретанот има уникатни изолациски својства кои го прават идеален за ѕидови и покриви за нови домови и за реновирање на постоечки домови.

Всушност, квалитетот на изолација од тврда полиуретанска пена е висок, што им овозможува на градежниците да градат потенки ѕидови, но исто толку тивки и цврсти. На тој начин им заштедува пари на сопствениците на куќи, како во намалување на трошоците за изградба така и во пониски сметки за услуги.

Полиуретанот е водоотпорен, ги исполнува празнините и шевовите во текот на примената, и покрива места кои се тешко достапни. Кога се комбинира со одредени материјали, полиуретанот ја зголемува отпорноста на надворешните временски услови и влажноста.

Со полиуретанот се зголемуваат креативните опции

Полиуретанската пена со користење на специјални калапи се користи за моделирање на посебни форми кои можат да бидат во различни димензии.

Градежните материјали од полиуретан овозможуваат флексибилност при градењето нов дом или реновирање. Полиуретанските панели нудат широк спектар на профили за ѕидови и покриви, и се достапни во различни бои и стилови.

Структурните изолациски панели може да се аплицираат на различни материјали вклучувјќи гипс, метал, дрво или производи од дрво. Овие изолациски панели го подобруваат изгледот и функционалноста на домот, го намалуваат времето на изградба, и заштедуваат на структурни материјали, со што се заштедува време, енергија и се намалуваат трошоците за изградба.

mep3
mep2
mep1
sl34
mep4
123
456
mep5
789
rustr
vnat
nadvor