Упатство за монтажа

ЗА ЛАЈСНИ

Пред да се залепи декоративниот елемент треба да се припреми... Се мери површината каде што треба да се нанесе. Истата должина се пренесува на декоративниот елемент и се обележува за сечење под агол од 45°.

Аглите на декоративниот елемент се сечат од надворешна страна со алат засечење или со пила. Сите агли на декоративниот елемент се сечат под 45°.

На задната страна на декоративниот елемент се нанесува лепилото со мистрија или со посебен „пиштол“. Лепакот којсе користи треба да биде на база на цемент или полиуретан, зависно од намената.

Полиуретанска пена се нанесува на споевите меѓу двата елемента.

Елементите се притискаат додека полиуретанската пена не почне да излегува. Полиуретанската пена се остава да се исуши. Може да се користат и метални клинци за прицврстување доколку е потребно.

Откако пената ќе се исуши се отстранува со сечило, и се остава длабочина од минимум 2мм. На крај се нанесува средство за полнење на споевите со шпакла и откако ќе се исуши се струга со хартија за стругање.

Може да се избои со секаков тип на боја што не содржи растворувачи.

ЗА ПАНЕЛИ

Површината за нанесување треба да биде чиста и со хоризонтално поставено јаже да се доведе на исто ниво со грубото малтерисување. Ова се контролира со висак, либела и јаже.

Како облога за лепење на панелите се користи средство базирано на цемент или полиуретан, зависно од намената. Се нанесува со мистрија или со специјален пиштол. Панелот се лепи со притискање и се нивелира со либела.

Ако е потребно панелот се прицврстува со шрафови. Панелите се спојуваат со таканаречен „клик - клак“ систем и на тој начин механички се прицврстуваат еден со друг.

Полиуретанска пена се нанесува на споевите меѓу двата панела. Елементите се притискаат додека полиуретанската пена не почне да излегува. Полиуретанската пена се остава да се исуши.

Откако пената ќе се исуши се отстранува со сечило, и се остава длабочина од минимум 2мм.

На крај се нанесува средство за полнење на споевите со шпакла и откако ќе се исуши се струга со хартија за стругање. Може да се избои со секаков тип на боја што не содржи растворувачи.